ЏОРДАН, деветгодишно момче од Оклахома, им ги скршил срцата на многумина кога на гледачите во едно неодамнешно шоу им рекол: „Се надевам дека некој од вас мене ќе ме избере“.
По емитувањето на емисијата, агенцијата за згрижување во Оклахома била преплавена со прашања од луѓе што сакаат да му обезбедат на Џордан, кој е во системот на згрижување, дом за да живее засекогаш. Во првите 12. часа по емитувањето на приказната, агенцијата добила 5.000 прашања од луѓе низ целата земја, изјавила денес Кејси Вајт, администратор за комуникации во ДХЦ Оклахома.
Кога новинарката го прашала момчето кои три желби би сакал да му се исполнат, Џордан лесно одговорил: „Семејство, семејство и семејство. Би сакал само да имам семејство, да можам некого да викам мамо и тато или само мамо или само тато. Всушност, не ми е гајле”.
„МБи можел да разговарам со некои луѓе кога и да ми требаат. Се надевам дека некој од вас мене ќе ме избере“, рекло смиреното момче, освојувајќи ги срцата на јавноста.
Вајт рекла дека се надева дека интересот за оваа приказна ќе ги инспирира луѓето да размислат за многу други згрижувачки деца во државата, како и низ САД.
„Кога се случува таква состојба и приказната за детето оди вирално, понекогаш семејствата се заинтересирани само за тоа дете“, рекла таа, потенцирајќи дека „има многу други мали деца на кои им требаат семејства“.