(ВИДЕО) Дистанца на ниво: Возач на автобус е крал на дистанца

Убаво време, фолкери ечат од радио, мајсторот ужива во возењето – на прв поглед, сè е како корона никогаш да немало. Освен една мала работа. Возачот на автобусот, се чини, сериозно ги сфатил препораките за задолжителното растојание поради ширењето на вирусот, па се оградил со ремени.
Еден сведок на ова „дистанцирање“, Александар,споделил интересно видео кое го снимил во автобусот на релацијата Барошевац-Лазаревац, во Србија.


„Тргнав од работа дома и видов нешто што никогаш не сум го доживеал. Возачот дури и не ја отвори предната врата од автобусот, но влеговме од втората. А напред, кај него, беа врзани ремени меѓу седиштата за да не може никој да помине. Всушност, земени беа осум места, така што возачот направи растојание не од два, туку од три метри“, вели доста огорчениот Александар
Сепак, она што најмногу му пречело е тоа што возачот немал маска или ракавици.
„Ако сите се придржуваме кон мерките на заштита и ако сите имавме маски во автобусот, тој не може да го стори ниту тоа. Можеби е заразен, па можеби и ја пренел короната на некого“, предупредува Александар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …