ЕДЕН Е АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕР: Глумците за улоги добиваат и’ по 100. милиони долари!

Дали знаевте дека некои холивудски актери заработуваат повеќе од 100 милиони долари за снимање на само еден филм?
Најголемата причина за тоа е договорот за уделот во заработката на благајните, кој актерите сè почесто го избираат пред големите хонорари, и од кои на крајот можат да добијат астрономски бројки.
Еден од најплатените актери на денешницата е секако Роберт Дауни Јуниор, кој заработува стотици милиони долари за снимањето на филмовите на „Марвел“ каде го толкува Ајронмен/Тони Старк.
Многу е поразителен фактот дека на списокот со најголеми хонорари на сите времиња има само две дами, но се надеваме дека оваа ситуација ќе се промени во блиска иднина.


20. Том Хенкс заработил 40 милиони долари за неговата улога во филмот „Спасувањето на војникот Рајан“ во 1998. година.
19. Роберт Дауни Јуниор заработил 40. милиони долари за улогата на Тони Старк во „Одмаздници: Доба на Ултрон“ во 2015 година.
18. Роберт Дауни Јуниор, исто така, заработил над 40 милиони долари за појавувањето во филмот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ од 2016. година.
17. Камерон Дијаз заработила 42. милиони долари за улогата на „разузданата“ наставничка Елизабет во филмот „Лоша учителка“ од 2011. година.
16. Роберт Дауни Јуниор добил 50 милиони долари за неговата улога во првото продолжение на „Одмаздниците“ во 2012. година.



15. Џони Деп инкасирал 55 милиони долари од улогата на капетанот Џек Спероу во „Пиратите од Карибите: На чудни плими“ од 2011. година.
14. Леонардо Ди Каприо добил 59. милиони долари за филмот „Почеток“ во 2010. година.
13. Том Хенкс засекогаш ќе биде запаметен како Форест Гамп, а од таа улога, која ја играше во 1994. година, заработил 60 милиони долари.
12. Џек Николсон беше исто толку маестрален како Џокер во „Бетмен“ од 1989. година, а оваа улога му донела 60 милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …