Сигурно ги имате сите потребни состојки во вашата кујна…
Ако имате зголемени пори или сакате да направите ексфолијација и да ги отстраните мртвите клетки од кожата, оваа маска е токму за вас. Покрај тоа, таа ќе обезбеди влага на кожата и ќе ја нахрани, што директно влијае на намалување на брчките на лицето.
За да се подготви ви требаат:
Половина чаша мед
Три лажици свежо исцеден сок од портокал
Една лажичка морска сол
Измешајте ги сите состојки така што ќе добиете густа смеса и маската е подготвена за употреба.
Нанесете ја на сува, чиста кожа и оставете ја петнаесет минути, а потоа исплакнете добро со млака вода.
Како влијае оваа маска на кожата?
Медот е богат со антиоксиданти и ја стимулира регенерацијата на ткивото. Длабоко ја храни кожата и го обновува нејзиниот сјај. Лимонска киселина од портокал дури и ќе го изедначи тенот и ќе ги ублажи сите флеки на лицето, додека морската сол е одговорна за лупење и отстранување на мртвите клетки што го нарушуваат изгледот.
(Рецепт) ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБА – Ја поттикнува регенерацијата на кожата и ги ублажува брчките: Моќна маска за лице од само 3. состојки!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.