СОВЕТИ – Трикови како да се победат нападите на паника

Седнете на удобно столче или тросед во максимално опуштена положба…
Напад на паника може да му се случи на човекот било каде: на работа, дома, во превоз. Психолозите советуваат да бидете подготвени и запомнете неколку едноставни правила.
1. Потсетете се: никој во светот не починал од напад на паника. И покрај тоа што срцето ви чука, нема да имате срцев удар. Напад на паника е реакција на мозокот на ментален замор и стрес. Нема да потрае повеќе од 5-10 минути.
2. Седнете на удобно столче или тросед во најрелаксирана позиција. Откопчајте го ременот и копчето на вратот. Стегнете ги тупаниците 10 пати.
3. Дишете во хартиена кеса: јаглерод диоксидот ги смирува нервите, но не претерувајте!
4. Ако имате чести напади на паника, носете шише смирувачки чај или тинктура од валеријана или маточина со лимон.
5. Парадоксално, но, немојте да се борите со чувството на страв. Напротив, опуштете се и доживејте го. Тогаш ќе сфатите дека тоа не ве убива.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …