Дневен хороскоп за петок, 30.10.2020: Ракот избрзува, Лавот живее во илузија, Скорпијата се подготвува за прослава…

Рак
Љубов:
Не правете работи во афект што ја иритираат вашата сакана личност. Непотребно предизвикувате нечие незадоволство.
Работа:
Набрзина сте прифатиле нечија понуда и сега мора да жалите за тоа што сте го кажале или направиле пред вашите соработници.
Здравје:
Ќе уживате во некоја спортска активност.

Лав
Љубов:
Повеќе сте во фаза на раскажување приказни и идејно планирање отколку да одлучите за конкретен потег. Партнерот се обидува да ги разбере вашите намери.
Работа:
Очекувате позитивни одговори за решавање деловни и финансиски прашања и толерантни сте на „малите“ неправди.
Здравје:
Вие сте во одлична психо-физичка форма.


Девица
Љубов:
Се чувствувате емоционално екстатично, но пропуштате добра прилика да ги искажете своите намери. Лицето што ви се допаѓа „се оддалечува“ од вашите повици.
Работа:
Треба да ја користите вашата креативна енергија рационално и сугестивно да ги презентирате своите идеи.
Здравје:
Забавете го брзото темпо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …