(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКА ГЛЕТКА ВО ИСТАНБУЛ: Дете висело на прозорец од зграда – а потоа дошле соседите херои!

Ова вознемирувачко видео е снимено во Истанбул. Соседите забележале на вториот кат на прозорецот на една зграда, дете кое се обидува да се искачи и да влезе дома.
Очигледно било дека никој од возрасните во станот во тој момент не знаел што прави детето. Набргу се собрале соседите и се подготвувале бргу да интервентираат. Тие нашле ќебе кое го рашириле кога детето веќе преминало на другата страна, и кога било сигурно дека ќе падне.
Во тој момент излегле преплашените родители на момчето. Тој паднал, но соседите го фатиле во ќебето и го спасиле.
Преплашените родители веднаш дошле по детето, но овој настан веројатно ќе остане во нивна меморија како најголем страв.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …