(ВИДЕО) Тешко болно дете го прославило 3. роденден и ги победило сите прогнози: Парада од 170. возила, камиони и автобуси во негова чест!

Малечко момче со ретка болест го прославило својот трет роденден, иако лекарите предвидувале дека тој нема да живее повеќе од две години.
Неш има ретка невромускулна болест и неодамна бил почестен кога повеќе од 100. камиони, автобуси, автомобили и возила пристигнале на парадата на неговиот трет роденден.


Парадата се одржала на 17. ноември во Линколншир, Илиноис, за да го прослават животот на Неш Стинеман.
„Неш е најинспиративно човечко суштество и најсилна личност што ја познавам“, изјавила мајка му Британи Стинман за Good Morning America.
„Тоа беше сигурно најпосебен ден во нашите животи … и неверојатен заради сите луѓе кои никогаш не го запознале, но толку силно го подржуваат“, рекла таа.



На Неш му била дијагностицирана атрофија на ‘рбетниот мускул на возраст од 11. месеци, што предизвикува слабост на мускулите и останување без здив. Болеста е предизвикана од наследна мутација на гени, според Центарот за информации за генетски и ретки болести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …