ЕСЕНТА ПОРАНИ:Доаѓаат дождови и голем пад на температурата

Европа ја зафати ладен бран што ја најавува есента но во некои делови и зимата. На повисоките предели има снег, а во нашата земја исто така се очекуваат намалени температури, за ова време од годината, како и дожд…
Времето денес ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 8. до 15. степени,  а максималната од 20. до 28. степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12. до 24. степени.
Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …