(Рецепт) Сакате брзо да ослабнете? Пробајте го овој напиток од само ТРИ СОСТОЈКИ!

Ви се брза да „влезете“ во припиен фустан, куси панталони (популарните шорцеви) или високо сечен костум за капење, а не знаете како бргу да ослабнете?
За да по вруќиниве не се криете во широка гардероба, обидете се да ја намалите тежината со помош на напиток кој има само три состојки, а за кој на интернет многумина тврдат дека може „да симне“ неколку конфекциски броеви.
Се пие наутро, на гладно, односно на празен стомак и тоа само една чаша, а „топи“ мрсни наслаги на струкот на бедрата.
Можеби токму таму каде што ви треба, барем на поголемиот број на жени.
За да го направите, прво во блендер ситно исечкајте листови од еден врзоп магдонос, полијте го со сок од еден лимон, додајте една шолја млака вода, се’ добро измешајте и веднаш испијте.
Овој напиток пијте го шест дена по ред, па направете десетдневна пауза, и, доколку е потребно повторете го циклусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …