(ВИДЕО+ФОТО) Промоција на првата рап песна и спот на Антонио Талевски TONY

Младиот Антонио најавува соработка и со актуелен српски рап музичар.
Негова прва љубов е пишувањето на текстови за хип – хоп трап и рап музика, а пораката што како млад артист сака да ја упати до сите, не само на хип-хоп и рап сцената во Македонија, е да бидат свои и креативни, користејќи ја слободата во уметноста, бидејќи, како што самиот вели, само преку оригиналоста публиката ќе ве почитува и цени повеќе.
Сето ова беше доволен мотив, младиот Антонио Талевски (TONY), кој живее во Прага, да ја сними и својата прва песна со несекојдневен наслов „Ламборџини“, а периодов престојуваше во Скопје, каде го снимаше и спотот за истата.
Автор на текстот е самиот Антонио, миксот и мастерот се на Иван Јованов, аранжманот е на Александар Стаматовски, а спотот го работеше Томислав Живковиќ.
„Долго време пишувам текстови за песни (хип-хоп, трап, рап музика), а ова ми е прв пат каде ќе се издвојам и како артист. Покрај текстовите за песни на македонски, имам и текстови на српски јазик, а во моментов сме и во преговори за соработка со еден тамошен познат артист, кој не би сакал да го откријам додека не се прецизира се. Имам 19 години, но и многу желби и планови, желба да настапам рамо до рамо со COBY, да соработувам со многу македонски и балкански артисти. Креирам секојдневно, пишувам текстови, подготвувам нови песни за себе и мислам дека сето тоа публиката кај нас ќе го препознае, но најважно од се е да ја препознае мојата порака како млад артист, а тоа е да се почитува повеќе македонската музика, без разлика дали таа ја создаваат веќе докажани имиња кај нас или млади музичари и без разлика дали е за хип-хоп и рап или некоја друга сцена, бидејќи само така публиката преку поддршката повеќе ќе не охрабри да создаваме поквалитетна музика и повеќе хитови“ , вели Антонио.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …