За Лепа Брена одамна се зборува дека има правено разни естетски корекции но се чини се правела со мерка па немаше некои „драстични“промени. но, неодамна имала една многу непријатна случка со усните…
Фолк-дивата лепа Брена неодамна ги вадела старите истрошени силикони од усните и ги заменила со разградлив хијалурон, пишува Курир.рс.
Извор близок на лекарот кој го извршил зафатот открива дека Брена многу се плашела од операцијата, а се сомневала дека нејзиниот поранешен хирург многу лошо го вградил силиконот кој со време почнал да ѝ прави проблеми.
„Горната усна навистина изгледаше лошо. Со време се појавија грутки, зашто силиконот се собрал во едно место и се забележуваше. Тоа обично се случува по пет или повеќе години, а се решава со операција. Мислам дека хирургот не ѝ го ставил добро силиконот. Таа беше кај нашиот хирург пред два месеци, се распрашуваше дали има помалку болен начин да се отараси од силиконот. Се плашеше, зашто слушнала дека вадење силикон од усни многу боли. Но за жа, нема друг начин, па нашиот хирург ѝ даде време да собере сила“, рекол изворот за Курир.рс.
Зафатот се изведувал под локална анестезија.
„Му рече на лекарот да ѝ даде две дози анестезија, а тој го стори тоа. Кога почна интервенцијата, Брена офкаше, беше бледа како крпа од болки, рацете ѝ се тресеа. Го молеше да запре на половина пат, па ѝ даде уште една инјекција за да може да работи. По две недели повторно дојде и тогаш ѝ вградивме хијалурон во усните“.
Хијалуронот е многу подобро решение, зашто по шест месеци се апсорбира во телото, па може повторно да се вбризга.
Извор:kurir.rs
Фото и видео:Instagram