(ФОТО) Го прослави 55. роденден: Бред Пит и понатаму изгледа како момче…

Холивудскиот убавец вчера го прослави 55. роденден, но се чини дека за Бред годините се само бројки на хартија. Глумецот и понатаму со леснотија собира комплименти од обожавателите…
Американскиот глумец Бред Пит (55) вчера славеше роденден, а иако годините на хартија полека го пристигнуваат, на холивудскиот убавец не му недостасуваат комплименти.

„Ти си како вино, со годините си се подобар“, коментирала една од обожавателките.
Зад Бред на приватен план е тешка година, но се чини дека работата не му страда и глумецот и понатаму бележи забележителни улоги.
Во 2019. година ќе го гледаме во драмата „Ad Astra“ како и долгоочекуваниот „Once Upon a Time in Hollywood“ на Тарантино. Исто така, Бред Пит е најавен и во новиот СФ филм на режисерскиот великан Дејвид Финчер со наслов „World War Z 2“.


Она што сигурно оставило трага на Бред е битката околу старателството која глумецот веќе долго време ја води со бившата сопруга Ангелина Џоли (43). Кому ќе му припадне старателството над Мадокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шилох (12) и 10. годишните близнаци Кнокс и Вивиен допрва ќе дознаеме, но се чини дека бившиот пар се труди да пронајде цивилизирано решение.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …