Новогодишна Зоо бајка во Зоолошка градина Скопје

Овој викенд (22. и 23. декември), во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- „Новогодишна Зоо Бајка”.


Од 12:00-16:00, најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата денови. Во сабота и недела од 12:00 е закажана претставата „Новогодишно чудо” со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.


За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимирани филмови ( Zootopia и Frozen). Влезниците се по цена од 100 денари( за деца и возрасни) и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …