(ФОТО) Истурена пита со спанаќ

Потребно е:
околу 300 г. исчистен спанаќ
2 јајца
100 г. свежо сирење или урда
50 г. кисела павлака
150 мл. јогурт
100 мл. млеко
1 шоља (од 200 г.) пченкарен гриз – палента
1/2 кесичка прашок за печиво
брашно по потреба
сол
масло
Подготовка: прво измијте го спанаќот, исечете го на тенки ленти и оставете да
отстои 30. минути.Потоа исцедете го од водата.
Измешајте ги јајцата, киселата павлака, сирењето, јогуртот и млекото со малку
сол. Во тоа додајте го исцедениот спанаќ, па пченкарното брашно, печиво и
брашно по потреба) да се добие смеса која е малку погуста отколку за
палачинки).Убаво измешајте.
Соодветна тава намачкајте со масло, наросете со брашно и истурете ја
подготвената смеса.Ставете во рерна загреана на 200. степени и печете околу
30 – 40 минути.
Испечената пита извадете ја од рерна, покријте со крпа и оставете 5 минути да
омекне.
Совет: во вакви пити слободно може да се додаде уште сирење, или повеќе
павлака, спанаќ или пржен праз…Главно смесата треба да изгледа малку
погусто отколку за палачинки и нема грешки.Питата ќе биде мека и вкусна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …