(ФОТО) Чоколаден пудинг со кроасани

Извонреден, брз и вкусен, десерт. Се подотвува брзо и секогаш можете да ги искористите останатите кроасани…за да добиете вкусен и лесен колач…
Потребно е:
4 големи кроасани
4 јајца
300 мл. слатка павлака
100 г. црно чоколадо
150 мл. млеко
50 г. шеќер
1 лажичка шеќер во прав
1 лажичка путер
Подготовка:со путер намачкајте огноотпорен сад со големина 20 х 25 см.
Кроасаните исечете ги на дебели парчиња и ставете ги во садот.Чоколадото
искршете го на парчиња и ставајте го помеѓу парчињата кроасан. Во соодветен
сд изматете ги јајцата со шеќерот, додајте ги млекото слатката павлака.
Смесата ислијте ја во садот со кроасани, покријте со алуминиумска фолија и
оставете во фрижидер на еден час.
После еден час рерната загрејте ја на 180 степени и пудингот печете го околу
45. минути. Површината наросете ја со малку шеќер во прав. Сервирајте топло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …