(ВИДЕО) Дали сте подготвени за вистински шпионски филм?

После големиот успех на филмот „Кингсмен:Тајна служба“ од 2015. година, кој заработил повеќе од 400. милиони долари, пристигна продолжувањето на оваа урнебесна акциона комедија за британските шпиони кои добиле неверојатно засилување.
Мајсторските изведби на Колин Фирт и Тарон Еџертон се најјаки адути на филмот „Кингсмен:Тајна служба“ но ако кон тоа ги додадеме и талентите на Шенинг Тејтум, Хали Бери, Педро Паскал, Џеф Бриџис и Џулијан Мур, добиваме спектакл под наслов „Кингсмен:Златен круг“.
Меѓу овие големи холивудски имиња се нашол и музичарот Елтон Џон кој во филмот остварил многу забележителна улога, глумејќи се самиот себе. Значи, забавата е загарантирана.
Во второто продолжување јунаците се соочуваат со нови предизвици – важни ликови и интелигентен хумор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …