Беспрекорна елеганција: Ниту Амал Клуни не одолеала на хит бојата за есен!

После раѓањето на близнаците, Амал се вратила на деловните обврски, а и нејзините деловни аутфити секогаш покажуваат беспрекорна елеганција

Веруваме дека Џорџ е многу горд на својата сопруга.
Освен што Амал Клуни е успешна адвокатка, може да се пофали со прекрасно лице, вита линија и одлична смисла за мода па се чини дека холивудскиот заводник Џорџ Клуни со неа освоил вистински џекпот.


А после раѓањето на близнаците, Амал, се вратила на деловните обврски, а и нејзините деловни аутфити секогаш покажуваат беспрекорна елеганција.
Така било и вчера на Менхетн каде костенливата убавица „е фатена“ во црвен комплет со тесно здолниште и палто кои ги искомбинирала со портокалова кошула со машна.
Со беж штикли визуелно ги продолжила нозете и уште еднаш покажала дека и тоа како ги следи модните трендови, бидејќи и птиците на гранка знаат дека црвената боја ќе биде најпопуларна боја ова есен.
Освен тоа во ова боја, докажано, сме попривлечни на другите луѓе па не би било лошо да се набави некое такво парче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …