(ФОТО) Младенци од БИХ се скарале среде свадба и покренале развод

Свадбената свеченост на парот Един Хусељиќ и Елда Мујчин со тристотина званици е ненадејно прекината бидејќи брачниот пар само неколку часови после венчавката се скарал поради пари.
Целиот Градачац во Босна и херцеговина од вчера зборува за скандалот кој настанал на свадбата на 23. годишниот Един Хусељиќ и неговата избраничка Елда Мујчин од Оџак.
Младенците пред полноќ се скарале, славењето било прекинато, а расплаканата младенка се вратила во својата куќа во оџак.


Се’ се одиграло пред повеќе од 300. сватови, и тоа откако младенката ги собрала ковертите во кои биле подароците. По обичај, младенката ги почестила гостите со кафе, а тие и дарувале коверти со пари. Бидејќи се собрал поголем износ, таа го известила мажот дека ќе ги земе сите пари бидејќи таа била таа која го делела кафето и ги собирала подароците.Младоженецот рекол дека такво нешто не доаѓа предвид бидејќи тој ја платил свадбената веселба и земал кредит за уредување на нивната заедничка куќа. Наводно, младенката се обидела за избега со парите, но кога не успеала и се јавила на мајка и и’расплакана се вратила во родителската куќа во Оџак.
„Мојот образ е чист. Млад сум и можам да продолжам со животот, жив сум, здрав сум. Што јас тука повеќе можам“, рекол кусо Един за Дневни аваз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …