(ВИДЕО+ФОТО) Во петок во Вип Арена: Голем концерт за промоција на новиот албум на Тоше Проески

Организаторите на концертот, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.
На големиот концерт во чест на Тоше Проески кој ќе се одржи во петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе биде промовиран албумот „Secret Place“, со нови, досега необјавени песни од починатата ѕвезда.


Проески е автор на дел од песните, а за создавањето на неколку песни соработувал со
познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат
прикажани два нови видео записи со Тоше.

Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.

Внукот на македонската поп-икона, Тоше Проески, Кристијан Ристески ја објави целосната верзија на неговата најнова песна „We are blood“.

Кристијан песната премиерно ќе ја изведе во петок, во ВИП арената „Борис Трајковски“, за кога е закажан концертот во чест Тоше Проески и ќе биде промовиран неговиот албум „Secret place“.

Организаторите на концертот, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Концертот во петок почнува во 20. часот. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …