Сопственик на школска кафетерија (кантина) од основно училиште во Кингстон во Вирџинија се труди да ги менува животните навики на учениците и тоа на многу интересен начин.
Човекот по име Стејси Труман на децата им нуди банани на чии кори се напишани мотивациски пораки.
„Тоа го правам за децата дома, па зошто не би го правел и на работа“, рекол Труман за локалните медиуми во Кингстон.
На корите на бананите Труман пишува:„Најдобар си“, „Продолжи да се трудиш“, „Мудар си“, “Добиваш колку што даваш“, „Биди најдобра верзија на себе“, „Избери ја среќата“, „Само диши“, „Ти си супер херој“, „Не е важно од каде си, туку каде си тргнал, тоа се смета“,„Биди љубезен“, „Сонувај“, „Оди кон ѕвездите“, “Биди вреден“…
Учениците неговиот гест го нарекле „банани кои зборуваат“.
„Повеќето пораки кои ги напишав се како совети кои секојдневно треба да им ги давате на децата. Тоа се пораки кои и самите би посакале да ги слушнете во одреден период од
животот“, изјавил Труман.
Иако овој љубезен угостител сакал да остане анонимен, за неговиот потег се слушнало ширум светот благодарение на социјалните мрежи.
Сопственик на кантина испишува мотивациски пораки на бананите за да ги мотивира учениците
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.