Принцезата Ајуко не е единствената која поради љубов се откажала од наследството. Секоја од тие принцези добила „отпремнина“ за почеток на нов живот. На Ајуко семејството и исплатило околу милион долари…
Не се сите кралски семејства исти. Кога член на јапонското кралско семејство ќе се венча со некој од граѓанството ја губи својата титула, додека во британското кралско семејство нема таква пракса.
Така јапонската принцеза Ајуко (28), ќерка на починатиот принц Такамада, се откажала од општествениот статус и наследство и го следела своето срце.
Се омажила за Леи Мориу (32) кој работи во компанија која се бави со производство на бродови. Венчавката, која се одржала во Токио, била традиционална. Ајуко облекла кимоно, а фризурата и била во духот на стариот јапонски стил на правење фризури.
Церемонијата била интимна. Само триесеттина пријатели и членови на семејството ја славеле нивната љубов. Мајката на принцезата Ајуко е „виновна“ за нивната венчавка бидејќи таа ги запознала, на еден настан. Ајуко изјавила дека ќе биде пресреќна доколку нејзиниот брак биде како оној што го имале нејзините родители.
Таа не е единствен член на јапонското кралско семејство која поради љубов се откажала од титулата. Нејзината сестра, принцезата Норико исто така се омажила за граѓанин, а во 2019. година истото ќе го направи и принцезата Мако која како граѓанка живее веќе една година.
Секоја од тие принцези добила „отпремнина“ за почнување на нов живот. На Ајуко семејството и исплатило милион долари.