(ФОТО) Ништо од холивудската венчавка на годината: Славниот актерски пар ја прекинал идилата!

Кејти Холмс и Џејми Фокс оваа година првпат се појавиле заедно во јавност и планирале заедно да го минат остатокот од животот, но се чини дека не успеале да ја одржат својата љубов.
Уште еден холивудски прекин е во тек. Славиот актерски пар Кејти Холмс и Џејми Фокс ја прекинале својата долгогодишна врска, а наводно причината се крие во измама.


Врската ја прекинала Кејти откако неодамна дознала дека Џејми ја измамил и едноставно повеќе не можела да му верува.
„Кејти, едноствно, повеќе не можеше така“, открил извор близок до Mirror online.
Кејти и Џеји својата врска долго ја криеле, дури од 2013. година, а првпат во јавност се појавиле на годинешното доделување на наградите Греми.


Според наводите на извор близок до парот, Кејти се чувствувала понижена после објавувањето на врската бидејќи Џејми и покрај тоа инсистирал врската да ја држат во тајност. Откако на сите им обзнаниле дека се заедно се очекувала и нивна венчавка која Кејти и Џејми ја планирале, но се чини дека од нивната венавка нема да има ништо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …