(ФОТО) Срамно: Манекенка позирала гола пред Ѕидот на плачот!

Белгиската манекенка која е притворена од полицијата во Египет бидејќи позирала гола пред древните храмови, нешто слично направила и’ покрај Ѕидот на плачот во Ерусалим за изложба која е неодамна отворена во нејзината земја.
Фотографијата на Мариза Перен (26) на која се гледа како се сонча гола на тераса на приватна куќа со поглед на плоштадот пред Ѕидот на плачот е на продажба во една галерија во белгиското летовалиште Кноке (Knokke), објавиле белгиските медиуми.
Манекенката, со затворени очи, се испружила на столче, а во позадина се гледа женскиот дел од Ѕидот на плачот, најсветото место на кое Евреите можат да се молат.
Потписот под фотографијата е „Пат до ослободување“, но на неа не се гледа ниту еден дел од џамијата ал-Акса, трета по значење во Исламот, која се ноѓа над плоштадот и фотографот сигурно морал да ја забележи, наведува еврејската новинска агенција(ЈТА).


Меѓутоа, фотографот Матијас Ламберт тоа го негирал, тврдејќи дека не ја виделе џамијата како и дека не е избришана.
На поканата за отворање на изложбтаа е фотографија од истата манекенка на кој се гледа дека го пречекорила јарболот со израелското знаме. Папен во Еипет во септември минатата година била затворена 24. часа бидејќи позирала гола во Луксор.
Фондацијата за наследство на Западниот ѕид во соопштение проценила дека изложената фотогарфија е сериозен инцидент, а рабинот задолжен за Ѕидот на плачот, Шмуел Рабинович, го означил за несреќен и непријатен оценувајќи дека ги навредува оние кои се молат на тоа свето место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …