УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до вторник. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Веќе од среда поради влијание на циклон од запад, ни следува подолг период на нестабилно време, па така особено од пладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Поради загреаната Атмосфера и исполнета со енергија, локално се можни и поинтензивни Атмосферски процеси, во вид на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

И во Скопје и околината веќе од среда па во деновите потоа очекуваме локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Уште од сега Евроспкиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF) кој ние најажурен, во првата деката од месец пај црта ново големо заладување на времето. Што значи дека нестабилното време и со чести врнежи би го имале и за Велигденските празници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Верица Пандиловска !!!

Верица Пандиловска е родена на 13 мај 1973 година во Тетово. Таа завршила нижо музичко …