(ФОТО) Ѕвездата на „Сексот и градот“ открила дека нејзиниот син е роден како девојче!

Синтија Никсон во 1996. година го родила девојчето Саманта. Денес таа е момчето Семјуел а овие денови дипломирал.
Синтија Никсон, на денот на трансродните лица, објавила емотивна фотографија и порака со својот син. Гордата мајка и некогашна ѕвезда на тв серијата „Сексот и градот“ покрај фотографијата по првпат напишала дека 21. годишниот Семјуел е роден како Саманта и така открила дека нејзиниот син е трансродно лице.
“Толку сум горда на својот син Семјуел Џозеф кој дипломираше овој месец“ напишала Синтија и патем ги поздравила сите кои го слават Денот на трансродните лица. Семјуел е роден во 1996. година како девојчето Саманта, а Синтија го добила во бракот со сопругот Дени Мозес.


Синтија и Дени биле заедно од 1988. до 2003, година,а добиле уште еден син, Чарлс. После разводот од Дени, Синтија ја почнала врската со Кристин Маринони, активистка, со која го има синот Макс, а го добиле со помош на донатор.Семјуел, и покрај славната мајка, пораснал вон очите на јавноста, само понекогаш папараците го снимиле во друштво на мајката.

I’m so proud of my son Samuel Joseph Mozes (called Seph) who graduated college this month. I salute him and everyone else marking today’s #TransDayofAction. #TDOA


A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …