(ФОТО) Тивка војна на кралските снаи: На Кејт и здодеало да и помогнува на Меган!

Наводно Кејт Мидлтон одлучила повеќе, со совети, да не и помогнува на Меган Маркл со прилагодување на кралските правила…
Извори блиски на кралското семејство тврдат дека помеѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон се случува мала војна. Наводно, нивниот однос од пријателски прераснал во натпреварувачки, а извори откриваат дека Кејт одбива да и помогнува на Меган да се прилагоди на правилата во кралското семејство.


Close Weekly и Inquisitr пишуаваат дека Кејт се оддалечува бидејќи Меган сака да ја надмине, а наводно се’ започнало после свадбата на Меган и принцот Хари.
Многумина забележале дека Кејт не се однесувала бап среќно, а сега тврдат дека и пречи што Меган со неа баш и не се дружи, туку сите сили ги вперила да ја импресионира кралицата Елизабета. Треба да се напомене дека станува збор за пишување на таблоиди, но од друга страна, познавајќи го кралското семејство овие инфорации можеби и’ не се далеку од вистината.


Тие наведуваат и дека Кејт знаела дека Меган ќе ја критикуваат откако на балконот на палатата по повод церемонијата Trooping the Color се појавила во фустан без ракави, но одлучила да не ја предупредува.
Не ја спасила од непријатностите бидејќи одлучила да премолчи. Кејт, тврдат таблоидите се труди да биде совршена членка на семејството, но сега е се фрлено во втор план поради Меган, која и не се грижи толку за правилата.

Наводно, принцевите веќе биле уморни од ова натпреварување и сметале дека полека се’ излегува до контрола.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …