Познатата глумица Бригит Нилсен станала мајка по петти пат. Во 55. година го родила девојчето Фрида.Во петокот, 22. јуни, глумицата и нејзиниот сопруг Матиа Деси станале родители. Девојчето фрида, тешко 2523 грама е родено во Лос Ангелес.
„Пресреќни сме што во нашите животи пристигна едно прекрасно девојче“ рекле гордите реодители за People. „Тоа беше долг пат, но се исплатеше. Никогаш не сме биле повеќе вљубени“.
Нилсен бременост ја објавила кон крајот на мај кога на социјалните мрежи објавила дека „семејството се проширува“.
Глумицата се мажела пет пати и има четири син: Раул Меер Јр (23), Даглас Меер (24), Килиан Гастон (28) и Џулијан Виндинг (34).
Со Матиа Деси (39) во брак е од 2006. година.