(ФОТО) Александра и Филип на свадбата заработиле вистинско богатство

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на свадбата заработиле вистинско богатство.
Познатата двојка се венча на 21. јуни, а на свадбата присуствувале голем број познати личности. Како што дознаваат српските медиуми пејачката и посинокот на Лепа Брена, заработиле дури 1. милион евра.
Боба Живојиновиќ не штедел кога станувало збор за организацијата на свадбата па искеширал дури 500.000 евра, а парите кои младенците ги добиле на подарок ќе ги искористат за почнување на заедничкиот живот.
Младенците од гостите добивале коверти, а како што дознаваат српските медиуми, гостите не штеделе.

„Александра и Филип добиваа коверти а во нив се наоѓаа помеѓу 500. и 1.000. евра. Можам да кажам дека имаше пејачи кои дале и 2.000 евра. На свадбата имаше 900. званици така што младенвите доста заработиле на венчавката. Александра и Филип не размислувале за заработувачка, но на сите им е јасно дека се во голем плус“, вели извор близок до двојката.


Покрај пари, младенците добиле и многу убави подароци.
Филип од пријателите како подарок добил „фичо“ кабриолет, а имало и подароци од светски брендови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …