(ФОТО) Георгина на натпреварот помеѓу Португалија и Швајцарија позирала за Инстаграм

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез од трибините го следеше вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Швајцарија.
Георгина се појави во елегантно издание без навивачки ознаки.
Таа облекла тесен црн фустан кој го истакнал нејзиното деколте, но рамениците ги прекрила со зелено маслинесто кимоно.

На рацете носела и масивна огрлица и многу накит, а комбинацијата ја зачинила со скапа чанта Шанел.
Таа била придружувана од асистенти кои ја фотографирале за социјалните мрежи додека таа спремно позира.
Еден од асистентите имал и мини рефлектор за да добие идеално осветлување за фотографии.
Португалија ја исфрли Швајцарија од Мундијалот со резултат 6:1, а Кристијано Роналдо имаше малку минути но и еден поништен гол поради офсајд.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …