„Ако го уништите патот, ние ќе ви го уништиме автомобилот“
Животот ни носи многу радости кои заслужуваат да се слават како што треба. Сепак, некои знаат да претераат со прославите, а за нивна несреќа, ваквите активности често се пријавуваат во полиција, која ги снима и казнува.
Полицијата во австралиската држава Квинсленд неодамна уништи автомобил чиј сопственик премногу се занесол во својата радост. Откако лекарите му кажале дека неговата сопруга ќе роди син, тој решил да прослави така што ги „палел“ гумите со својот автомобил.
Во тој процес, некој го снимил возачот и неговиот „Holden Commodore“ во акција. Полицијата набрзо го пронашла и го привела поради „прекршок опасен по живот“.
Покрај тоа што му бил уништен автомобилот, возачот добил и затворска казна и четиригодишна забрана за возење.
„Чадот беше толку густ што 100 метри не се гледаше патот“, велат од полицијата.
„Ако го уништите патот, ние ќе ви го уништиме автомобилот“, рекол Марк Рајан, министер за полиција и противпожарна служба и служби за итни случаи во регионот.
A man sentenced to prison and disqualified from driving for 4 years, for committing a life endangering offence with his car, he has now had his car turned into an opportunity for @QldFES firefighters to hone their life-saving skills.
🔗 https://t.co/BfCuky4Wm6 pic.twitter.com/gmiosgQwVy
— Queensland Police (@QldPolice) November 30, 2022
Автомобилот е уништен така што е искористен за благородни цели, односно неговото уништување не било бесмислено.
Тој служел на обуката за спасување на патиштата на противпожарната служба и службата за итни случаи во Квинсленд. Тој бил уништен на скалите на зградата на парламентот во Квинсленд, симулирајќи акција на ослободување на патници заробени во автомобил.
А возачот? Ќе има интересна приказна за својот син.
Фото: Принтскрин/Twitter