(ВИДЕО) Кијану Ривс: „Ова е најтешкиот филм што сум го снимил, но затоа е толку добар“

Неодамна, за време на гостувањето на еден панел во Бразил, актерот открил кој филм му бил најтежок за снимање досега.
Станува збор за новиот, четврти дел од акциониот филм „John Wick – Chapter 4“, кој во кината ќе пристигне следната година.
„Во однос на акцијата, ова е најтешкиот филм што некогаш сум го снимил, но тоа е она што го прави толку добар“, рекол тој, додавајќи дека една конкретна сцена во филмот ја смета за особено предизвикувачка.

За најтешката сцена
Актерот објаснил дека неговата најтешка сцена била борбата што се случува на Триумфалната капија во Париз и открил дека во новото продолжение непријателите на Вик „ќе доаѓаат од цела планета“.


„Многу луѓе сакаат борба со Џон Вик“, открил тој, додавајќи дека неговата борба за слобода се сведува на еден единствен дуел. Борбите вклучуваат борба со пиштол, меч, секира и многу други оружја.
Филмот може да го очекуваме да излезе во кината во март 2023. година, а покрај Кијану, во него играат и Лоренс Фишбурн, Иан Мекшејн и Ленс Редик.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …