(ФОТО) ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – Фотографија од 92-годишна жена покажува зошто е важно да се користи крем за сончање

Фотографијата на 92-годишната жена, чие име не е објавено, покажува како сонцето влијае на кожата доколку не се користи заштитна крема.
Објавена е во стручното списание на Европската академија за дерматологија и венерологија. Имено, жената со години ставала ваков вид крем на лицето, но со децении занемарувала да го нанесува на вратот. Како резултат на тоа, нејзиното лице изгледа многу подобро и поздраво од нејзиниот врат.
Експертите наведуваат дека хронолошкото стареење е термин кој значи стареење на кожата на природен начин. Ако кожата претерано влијае на кожата и ја оштетува, овој процес е познат како фотостареење.
Во екстремни случаи, фотостареењето може да доведе до рак. Докторот Кристијан Пош нагласил дека кремата за сончање е клучна за заштита на кожата од болести.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-pos-jpg.jpg


„Се разбира, никој не може да го спречи стареењето. Меѓутоа, ако внимаваме на заштитата на кожата, ќе ја спречиме појавата на болести и ќе го продолжиме животниот век. Кој не би сакал да живее 20 или 30 години подолго?“, рекол тој.

Фото: Кристијан Пош


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …