Концертен спектакл: „Индекси и пријателите“ во Скопје по повод 60-тиот роденден

Паралелно со големиот интерес од публиката за концертниот спектакл „ИНДЕКСИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ“, расте и бројот на исполнувачи кои ќе се појават во Скопје на 28 октомври 2022 од 20 часот во Филхармонија. По повод 60-годишнината од основањето на култниот сараевски бендкомпанијата MUSIC TIME организира и продуцира пет големи регионални концерти, од кои еден ќе се одржи и во Скопје. Дека станува збор за спектакл говори и фактот што речиси половина од капацитетот на концертната сала се распродаде во првата недела по најавата за настанот, каде на сцената се очекува да се појават 20-тина врвни изведувачи и музичариод регионот.

Овој интересен и емотивен проектни ги носи безвременските хитови како „Bacilajesvenizrijeku“, „Sanjam“, „Balada“, „Dasamjanetko“, „Sveovegodine“, „Plima“, „Jutroćepromijenitisve“. Од различни краеви на светот за концертот се собираат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, НеноЈурин,Мирослав Шарановиќ,Синан Алимановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на БијелоДугме кој музичката кариера ја започна во Индекси, и гитаристите МурисВарајиќ и Иван Кукиќ.


На сцената нẻ очекуваат пејачи со одлични вокални квалитети: Дадо Топиќ, Саша Драгаш,Дејан Цукиќ,Бранко Ѓуриќ–Ѓуро, Дино Јелушиќ, Нермин Пушкар, Бојана Стаменов, АмелЌуриќ, Аида Мушановиќ- Арсиќ, Тамара Тодевска, како и Сара Војичиќ, и НеноБелан кои настапуваат и на концерот во Сараево.

Индекси е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група и една од најдобрите екс-јубендови која жареше и палеше од 1962 до 2001 година. Во тој период беа објавени два студиски албуми, 27 синглови и 12 компилациски албуми, но познато е и дека повеќе нивни песни досега не се објавени. Својот прв настап Индекси го имаа есента 1962 година во сараевскиот Дом на милицијата. Во почетокот тие свиреа инструментална музика и обработки на светските хитови на нивните идолиTheShadows, TheKinks и CliffRichard, а подоцна почнаа да снимаат и свират свои песни. Последниот концерт на Индекси се одржа на 5 мај 2001 година во Бања Лука, во салата Борик. По смртта на ненадминатиот пејач Даворин Поповиќ на 18 јуни 2001 година, групата се растури. Гитаристот Слободан Бодо Ковачевиќ почина на 22 април 2004 година, тапанарот Ѓорѓе Кисиќ на 25 ноември 2005 година, а неодамна нè напушти и легендарниот Корнелије Бата Ковач.


Картите се продаваат наkarti.com.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …