(ВИДЕО+ФОТО) ПАРОТ СЕ ЗАПОЗНАЛ НА ФРОНТОТ – Малку поинаква свадба: Украинска снајперистка се омажила во шума, пушката како „моден додаток“

Украинската снајперистка Евгенија Емералд – позната како „Ивана Орлеанка“ од својата земја – се омажила за маж, војник, кого го запознала на почетокот на руската инвазија.
Снајперистката и соборецот Евгениј Стипанјук се венчале во петокот во близина на фронтот на церемонија одржана во шума во Харкив.
Датумот на венчавката имаше посебно значење за парот бидејќи петокот бил Денот на ветераните, национален празник во чест на ветераните и загинатите припадници на украинските вооружени сили. На Стипанјук му бил и роденден.
Армиски генерал ја водел свадбената церемонија на парот, кој се заљубил набргу по почетокот на војната во февруари и брзо се свршиле во август.

„Разбираме дека секој ден може да ни биде последен и не сакаме да го одложиме животот за подоцна“, напишала Емералд на Инстаграм.
На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, Евгенија може да се види во долга бела венчаница, додека нејзиниот сопруг избрал да носи војничка униформа и пиштол. Наместо цвеќе, невестата во рацете држела класови од пченица.



Таа ги споделила моментите од својот „специјален ден“ на Инстаграм, пишувајќи дека „не можела да замисли поидеална свадба“.
„Денес официјално станав сопруга на воено лице. Тоа се случи на линијата на фронтот и генералот на Вооружените сили на Украина ја предводеше церемонијата“, открила таа.
„Ова е посебен ден – има многу причини за славење. Сакам да им честитам на сите ветерани. Слава на хероите! И сакам да му честитам на мојот сакан, бидејќи денес му е роденден. Сега тој сигурно никогаш нема да го заборави датумот на неговата венчавка“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …