Брачниот пар Богољуб (97) и Марија Едит (104) Јокшиќ од Србија починале во четвртокот на 13. октомври со разлика од девет часа, а интересно е што Богољуб предвидел се.
Двојката живеела во селото Доња Врбава, недалеку од Горњи Милановац, а српските медиуми пишуваат дека Богољуб починал прво, нешто по два часот наутро, а неговата сопруга околу 11. часот следното утро.
Ќерката на братот на Богољуб, Весна Гојковиќ, открила дека тој ја претчувствувал и својата и смртта на сопругата. Тој рекол дека прво ќе умре тој, а потоа и таа.
„Богољуб чувствуваше дека тој и Марија ќе умрат. ‘Јас ќе умрам вечерва, а таа утре’, така и беше. Кога умре ниту таа не се разбуди“, вели таа.
Двојката се запознала во Германија во 60-тите години на минатиот век. Гојковиќ открила дека Богољуб таму работел како наставник по српски јазик, а Марија била костимограф во театарот.
„Цело време беа заедно, немаа деца, но беа врзани еден за друг. Секаде одеа заедно“, додала Гојковиќ.
Двојката била погребана на 15. октомври на гробиштата во Горњи Милановац.
Фото: Приватна архива