(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор
Овој појадок е исклучително хранлив, поради неговите состојки и текстура, а доколку сакате да му додадете повеќе протеини, тоа можете да го направите со специфичен протеински прав по ваш избор.
Состојки:
3 зрели банани
2 јајца
½ чаша обичен јогурт
⅓ чаша мед
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка сода бикарбона
1 чаша пченично брашно
½ чаша темно какао во прав
½ чаша чоколадо
Подготовка: загрејте ја рерната на 180˚C. Во среден сад изгмечете ги бананите. Во смесата измешајте ги јајцата, јогуртот, медот, екстрактот од ванила и содата бикарбона. Додадете брашно, темно какао во прав и измешајте. Додадете ги парчињата чоколада и нежно вмешајте во смесата. Истурете го тестото во подмачкана тава за леб 23 x 12 см. Печете околу 45 минути или додека чепкалка за заби не излезе чиста од центарот на лебот. Оставете да се излади 15. минути пред послужување!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …