ИМА КОРИСНИ СОСТОЈКИ – Ова овошје ќе ви помогне да го намалите високиот крвен притисок

Следењето на она што го јадете и пиете игра важна улога во намалувањето на високиот крвен притисок. Една намирница особено може да ви помогне да го решите овој здравствен проблем.
Бананата е на прво место кога станува збор за овошјето кое има способност да го намали крвниот притисок, изјавила нутриционистката Британи Дан за списанието Eat This, Not That.
Бананите се богати со калиум, кој ги намалува негативните ефекти на натриумот врз телото. Калиумот, исто така, помага да се намали ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања. Една мала банана содржи приближно 420 мг калиум.

This image has an empty alt attribute; its file name is banani-1.jpg
Оваа намирница содржи и голема количина на други електролити, кои ја одржуваат работата на нервниот систем и го регулираат нивото на телесните течности. Значи, во електролитите спаѓаат: калциум, магнезиум, натриум, калиум и хлориди.
Меѓутоа, треба да имате на ум дека е важно да се пронајде златната средина. Јадењето премалку калиум и премногу натриум всушност го зголемува крвниот притисок. Возрасните треба да добиваат 3.500 – 4.700 мг калиум и 2.300 мг натриум дневно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Киријак Отшелник

Преподобен Киријак Отшелник Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше …