3. СОВЕТИ, ДАЛИ Е ТОЈ ВИСТИНСКИОТ МАЖ ЗА ВАС! Обрнете внимание на следните работи…

До моментот кога ќе дојдете до четвртиот состанок, честопати треба да одлучите дали сериозно да ја сфатите вашата врска или да се откажете. За да не губите време на погрешен партнер, обрнете внимание на следните работи…

Дали е задоволен од работата?
Неговиот став во кариерата може да ви каже дали вашите животи се движат кон истата цел или не. Важно е да го прашате момчето дали му се допаѓа тоа што го прави. Треба да процените и дали можете да ја ускладите неговата работа со вашата врска.


Каква била неговата последна врска?
Разговорот за бившите ќе ви даде до знаење како тој ќе се однесува во иднина, кога ќе помине времето на неговото најдобро однесување и освојување. Започнете ја таа тема така што, на пример, ќе го прашате како е тоа што таков супер тип како него е сингл. Впрочем, тоа е комплимент кој дополнително ќе го поттикне разговорот. Зрел и сочувствителен маж, обично ќе наведе некои од квалитетите на своите бивши пред да почне да објаснува зошто работите не успеале. Ако е нервозен, ја тресе ногата или е многу критичен, проблемот веројатно е во недостатокот на трпение и разбирање.

Како се справува со долговите?
Како прво, долгот не е секогаш лош. Човек со студентски кредит се задолжил „паметно“, бидејќи тоа е инвестиција која ќе се исплати во иднина. Начинот на кој се однесува со парите е показател за неговиот карактер и одговорност.
Разговарајте за економијата воопшто за да можете лесно да го префрлите разговорот на финансиите. Споменете му дека штотуку сте ја платиле сметката за вашата кредитна картичка и погледнете ја неговата реакција. Ако донел некои избрзани одлуки, во ред е се’ додека спомнува дека си го подмирил долгот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …