Наум П. Постер

Концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”

Сакаме со Вас да ја споделиме убавата информација дека по повод 35. годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во месец август 2022 ќе го промовираат новото издание ” Најдоброто од Наум“ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје..
Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: „Има ли песна”, „Жал за Деспина”, „Оди Ѕвездо”…, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…
Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите Македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок, но многу значаен музички проект.
Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика,

This image has an empty alt attribute; its file name is najdobroto-od-naum.jpg
За Наум многу не треба да се зборува, познат и признат на балканските простори, обожаван од сите љубители на добрата народна песна. Како круна на неговата успешна 35 – годишна кариера на македонската и балканска естрада се случува и оваа јубилејна турнеја, кој може слободно да го наречеме сребрен јубилеј со златни песни.


Музичкото културното наследство кое ни го оставија доајените на македонската народна песна, Никола Бадев и Александар Сариевски е бесценето, а нивната антологиска трага гордо и достоинствено продолжува со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен.
Битола 04.08 Хераклеа
Охрид 11.08 Долни Сарај
Дополнително ќе Ве информираме за деталите за концертот во Скопје.
Почитувани медиуми се надеваме на поддршка и соработка од Ваша страна и дека заеднички ќе ја доживееме убавината на овие грандиозни концерти, ќе ја слушаме македонската песна отпеана со кадифениот глас на Наум Петрески и едноставно ќе уживаме во незаборавни концертни вечери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

,,Гласна тишина” – самостојна изложба на младата визуелена уметница Мартина Спасовска

Вечерва со почеток од 20:00 часот во фоајето на Центарот за Култура Трајко Прокопиев во …