Ирската манекенка Росана Дејвисон беше Мис на светот во 2003. година. Таа денес е среќна и горда мајка на три деца, но самиот пат до мајчинството не и бил нималку лесен и едноставен.
Таа и нејзиниот сопруг Веса Квике ги добија близнаците Хуго и Оскар пред две години, додека нивното девојче Софија, сурогат мајка ја роди една година пред тоа. Росана искрено признала дека имала дури 14. спонтани абортуси.
View this post on Instagram
– Отсекогаш отворено зборував за моите 14. изгубени бремености и за моите проблеми со плодноста. Ми кажаа дека најверојатно никогаш нема да можам да износам бременост поради вродена дисфункција на имунолошкиот систем. Моите лекари никогаш не можеа да ми објаснат зошто не можам да износам бременост. Веројатно засекогаш ќе ми остане мистерија. Како и да е, чуда се случуваат и јас сум пример за тоа. Можеби ќе им треба многу време, но може да се случат на најмагични начини – изјавила таа при најавата за бременоста.
View this post on Instagram
Врз основа на сопственото искуство, таа споделила неколку совети на Инстаграм со сите млади мајки.