Изгледа дека се ближи крајот на уште една спектакуларна холивудска кариера. Бред Пит (58) во разговор за медиумите најавил дека филмот „Bullet Train“ во кој ја имаше главната улога многу лесно може да биде неговиот последен голем проект.
Тој станал, како што вели, многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што го добил досега не ги задоволува неговите критериуми.
„Мислам дека сум во последниот семестар или квартал“, открил Пит.
Во филмот „Bullet Train“ тој глуми убиец кој штотуку се опоравил од случај на согорување и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба во однос на работната способност.
– Знаеш, правиш еден месец терапија, доживуваш просветлување и мислиш дека сè си разбрал, дека никогаш повеќе нема да се изгубиш – накратко рекол Пит за тоа каков е неговиот херој.
Фото: Принтскрин/YouTube