(РЕЦЕПТ) СО ВИНО ПРОТИВ БОЛКА: Помага при артритис и главоболки

Велат дека една чаша црвено вино дневно е добра за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Сепак, тоа е само еден од магичните ефекти на овој напиток на боговите.
Покрај тоа што основната намена на виното е да се пие за време на ручекот, има и свое благотворно дејство. Виното може да се користи дури и за болка!
Следниот рецепт со бело вино ќе ви помогне доколку страдате од главоболки, артритис и менструални грчеви.

Потребно ви е:
750 мл бело мускат вино
50гр мелена кора од врба
Подготовка:
Истурете 750 мл слатко бело вино врз сува мелена врба. Добро затворете го шишето, протресете и чувајте го на темно место на собна температура три недели. Потоа процедете ја течноста преку газа или филтер-хартија.
Се пие во доза од 30 мл еднаш или двапати на ден


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …