Симптоми кои може да укажуваат дека и вие сте МЕТЕОРОПАТ: Како да препознаете проблем и да се справите со него?

Се’ повеќе луѓе реагираат на промените на времето, без разлика на возраста. Понекогаш не сме свесни дека тоа влијае и на нас…
Променливото време и наглите температурни разлики се особено карактеристични во овој период кога зимата нè напушта и доаѓа подобро време.

Главоболки, гадење, вртоглавица, ревматски болки, несвестица, мигрена – овие симптоми можат да бидат предизвикани од многу причини, но ако забележите дека најчесто се појавуваат кога времето и температурата се менуваат нагло – најверојатно сте метеоропат.
Покрај овие симптоми, замор, слаба концентрација, зголемена желба за спиење, промени во расположението, проблеми со несоница се некои од почестите симптоми на метеоропатија.


This image has an empty alt attribute; its file name is meteoropatia.jpg

Метеоропатијата порано беше почеста кај луѓето во нивните зрели години. Но, денес тоа сè повеќе ги погодува и помладите. Оваа состојба може да ги погоди и здравите луѓе, најчесто во форма на замор, промени во расположението, слабост итн. Сепак, почеста е кај хронични болни, на пр. срцеви пациенти, пациенти со висок крвен притисок, белодробни пациенти и други.


Кои се сите симптоми кои може да укажуваат на тоа дека сте метеоропат?
1. Главоболки и мигрена – Кога после топлите денови ќе дојде до нагло заладување, тоа може да предизвика стеснување на крвните садови во мозокот, што дополнително може да го намали протокот на крв во мозокот. Може да се наруши и хемиската рамнотежа во телото. Овие симптоми можете да ги ублажите со лекови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …