Симптоми кои може да укажуваат дека и вие сте МЕТЕОРОПАТ: Како да препознаете проблем и да се справите со него?

2. Сува кожа – Поладното време кое е зад нас, веројатно оставило последици во вид на сува и испукана кожа. Ненадејните температурни разлики, промените во атмосферскиот притисок и слично може исто така негативно да влијаат на еластичноста и хидратацијата на кожата. Затоа се препорачува да се прави пилинг околу 2. пати неделно и да се користат креми за поинтензивна хидратација.

3. Промена на расположението и недостаток на енергија – Друга можна негативна последица од негативни климатски промени е помалото производство на хормонот на среќата, серотонин. Затоа, се препорачува да поминувате повеќе време надвор и почесто да се занимавате со умерени физички активности.


This image has an empty alt attribute; its file name is meteopatia.jpg

4. Проблеми со дишењето – Одговорот на прашањето зошто тоа се случува е следниов: наглите промени во некоја компонента на времето (температура, влажност, притисок) може да предизвикаат грчеви на органите за дишење. Ако се позанимавате со правилни техники на дишење, можете да го намалите овој проблем.


5. Болки во зглобовите и мускулите – Ненадејните промени на температурата и влажноста може да ја нарушат нормалната контракција и функција на мускулите, лигаментите и сврзното ткиво. Во такви ситуации се препорачува движење и вежбање. Редовната физичка активност може да спречи и зголемување на телесната тежина, а вишокот килограми несомнено создава дополнителен притисок врз зглобовите и мускулите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …