(ФОТО) МАНЕКЕНКАТА И ПОЗНАТИОТ АКТЕР ДОБИЛЕ ВТОРО ДЕТЕ: Рози и Стејтам ги критикуваа поради разликата во годините, а тие се пресреќни!

Познатата двојка, холивудскиот актер Џејсон Стетам (54), кој важи за еден од најпосакуваните мажи и неговата убава партнерка Рози Хантингтон Вајтли (34), инаку ангелот на Викторија, добија уште едно дете.

View this post on Instagram

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)


Се роди девојче, а мајката и бебето се чувствуваат одлично, пренесуваат странските медиуми. Ниту актерот ниту манекенката се уште не се огласиле во оваа прилика, па не се знае какво име и дале на наследничката.
Во август минатата година, Роузи преку Инстаграм со сите ја сподели веста дека е бремена, кога позираше во тесен бел фустан и веќе и се гледаше стомакот.
„Да! Втор круг”, напишала кусо тогаш згодната манекенка.


View this post on Instagram

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)


Џејсон и Рози, која е дваесет години помлада од славниот актер, се во врска од 2010. година, кога се запознале, а се вериле после пет години. Тие добија син во 2017. година, а иако беа мета на критики поради разликата во годините, тоа не ја разниша нивната врска.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …