Новавакс пристигнува во Хрватска – протеинска вакцина со 90% ефикасност против Ковид

Се применува во две дози, со инјектирање во мускулот на надлактицата, со временски интервал од три недели помеѓу дозите.
Новата протеинска вакцина против Ковид 19 на американската компанија „Новавакс“ ќе пристигне во Хрватска за три недели, потврди во саботата Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), а станува збор за вакцина произведена по испробан метод без употреба на генетски материјал.
Како негова предност, експертите посочуваат дека нема генетски материјал и дека се работи за прочистен протеин, по чие вбризгување создаваме антитела и клеточен имунитет. Се применува во две дози, со инјектирање во мускулот на надлактицата, со временски интервал од три недели помеѓу дозите.
Протеинската вакцина Nuvaxovid од американската компанија Novavax е наменета за лица над 18 години.
За разлика од досега одобрените вакцини, кои се две векторски и две mRNA вакцини, вакцината Novavax се произведува со различна технологија која досега се користела во многу вакцини, како што се против хепатитис Б и пертусис.
Протеинската вакцина содржи лабораториски израсната верзија на шилестиот протеин кој е присутен на површината на вирусот САРС-КоВ-2. Вакцината содржи и засилувач, супстанца која помага да се зајакне имунолошкиот одговор на вакцината.


Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри во декември минатата година.

View this post on Instagram

A post shared by caserta today (@casertatodaynews)



Клиничките испитувања спроведени во САД минатиот јуни покажаа 90. проценти ефикасност на вакцината против различни варијанти на коронавирус, вклучително и делта, а раните податоци од декември, исто така, сугерираат дека таа е ефикасна против омикрон, објави CNBC.
Несаканите ефекти од новата вакцина се познати до степен до кој контролните групи покажале во клиничките испитувања. Иако сите препораки велат дека вакцината Novavax е безбедна со благи до умерени несакани ефекти, тоа ќе биде подобро позната само во масовна употреба.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …