Кралицата Елизабета објави дека сака Камила, војвотката од Корнвол, да ја нарекуваат „кралица“ кога принцот Чарлс ќе стане крал.
Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата рече дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја преземе таа титула.
View this post on Instagram
Имаше предлози Камила тогаш да ја земе титулата „принцеза придружничка“, но во пораката по повод платинестиот јубилеј, кралицата била јасна: Камила треба да биде „кралица придружничка“.
✍️ On the eve of the 70th anniversary of her Accession to the throne, The Queen has written a message thanking the public and her family for their support, and looking forward to #PlatinumJubilee celebrations over the coming year. #HM70 pic.twitter.com/U6JfzeZMLn
— The Royal Family (@RoyalFamily) February 5, 2022
Портпаролот на идната кралска двојка изјавил дека Чарлс и Камила биле „трогнати и почестени“ од зборовите на кралицата. Пораката на Елизабета ја одбележа 70-годишнината од нејзиното доаѓање на тронот во 1952. година.
„Кралица придружничка“ се однесува на сопружникот на владеачкиот крал и ќе значи дека таа ќе ја нарече Камила „Кралицата Камила“.
View this post on Instagram
Вообичаено, сопругата на кралот автоматски станувала кралица во моментот на преземање на тронот, но неизвесноста околу мислењето на јавноста ја условувала можноста таа да ја преземе титулата „принцеза придружничка“. Ова е официјалниот став на Бакингемската палата откако принцот Чарлс се ожени со Камила во 2005. година.
Одлуката на кралицата значи дека Камила нема да има пречки да стане кралица и ќе има целосна официјална улога покрај Чарлс.
Фото: Принтскрин/Instagram