(ВИДЕО) КИМ ПОВТОРНО КАЈ ЛЕКАР: По „пеколот“ со псоријазата се бори со уште една кожна болест!

Ким Кардашијан (41) ги „одвела“ своите обожаватели во ново видео на Инстаграм да го видат нејзиниот преглед кај лекар со кој разговарала за лекувањето на нејзиното ново пореметување на кожата, дисхромијата, кое го добила по долга борба со псоријазата, пишува The Sun.
Имено, Ким со текот на годините е многу отворена за проблемите со кожата, а во новото видео разговарала со доктор за пореметување кое доведува до промена на бојата на кожата или ноктите. Докторот го започнал разговорот со објаснување дека тоа е поим кој звучи малку елегантно, но не е.

– Ова нарушување се нарекува дисхромија. Кога некој се шминка професионално и се изложува на сонце и патува како вас, тоа сонце заедно со шминката што ги покрива порите може да предизвикаат регенерација на кожата. Кожата ни се менува и така може да добиете дисхромија – објаснил докторот.



– Различни пигменти. Ќе имаме подготвен план за лекување, чекор по чекор за полека да го изедначиме целиот тен – рекол докторота, додека Ким не можела да го сокрие ентузијазмот дека нејзиниот проблем овојпат има „решение“.
„Подготвени за тргнување!“, возбудено извикала Ким.
Да потсетиме, Ким долги години е многу отворена за фановите за проблемите со кожата. Таа на самиот почеток на емисијата „Во чекор со Кардашијан“ открила дека и е дијагностицирана псоријаза.
Првиот „напад“ на псоријаза го доживеала на 25-годишна возраст. Тогаш открила дека и помогнала инекција со кортизон, но подоцна болеста се вратила.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …