(ФОТО) Салма Хајек во костим за капење – Следбениците велат – „ќе го срушиш интернетот“

Описот на фотографијата беше поврзан со филмот за кој моментално најмногу се зборува …
Познатата актерка Салма Хајек на својот Инстаграм профил објави фотографија на која ужива на базен и пие, но славата ја однел едноделниот костим за капење. Едноделниот црн костим ги истакнал нејзините облини, а на костимот за капење под градите има натпис „Original Gucci“.
До фотографијата има опис: „Ова не е мојот костим за филмот ‘Гучи’, но сепак топло го препорачувам“, напишала актерката која го толкува ликот на Пина Ауриема, пророчицата и некогаш блиска пријателка на Патриција Гучи.
Многумина коментирале дека изгледа одлично, а еден од следбениците на актерката на Инстаграм на хумористичен начин ја коментираше големината на нејзините гради и напишал: „Од ден на ден стануваат се поголеми“.
Имало и такви кои и пишале дека ќе го „сруши интернетот“ и дека „изгледа совршено“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …